?
Заради подобро корисничко искуство нашата веб страна, mer.com.mk користи ?колачи?а“ (eng. "cookies"). Со понатамошно користе?е на веб-страницата, се сложувате со користе?е на колачи?ата. Детални информации за Веб колачи?ата "Cookies“ можете да на?дете во нашиот документ за Политика за користе?е Web колачи?а
Согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија - фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово - Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“.
Изградбата е започната во февруари 2017 година и треба да заврши до јуни 2021 година.
Завршена изградба 2022година.
Трасата на Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“ започнува од Кавадарци – Сопот ја пресекува реката Црна продолжувајќи низ место Дреново, потоа трасата ја сече реката Церечевица движејќи се по падините на планинскиот венец и долината на реката Свињарница. Линијата на гасоводот го пресекува коритото на реките Бела и Дујрас, поминува низ стариот пат за Прилеп и влегува во долината на реката Каратманица, продолжувајќи ја пресекува реката Заполска по која трасата се подига во висина низ пошумени делници. Појужно од градот Прилеп трасата врти на југ и минува низ селско стопански имоти, ги сече реките Волковска и Ставичка, а понатаму се движи по непошумените делници. Во јужен правец гасоводот го пресекува системот со канали, ги пресекува реките Подмолска и Лопатичка и натаму низ рамнина пресечена наместа со долови, пресекувајќи ги реките Мојанска и Бења. Понатаму тарасата го сече 400kV далновод, автопат со асфалтирана покривка и коритата на реките Црна и Драгор. Движејќи се паралелно по должината на реката натаму трасата се движи по рамнинска делница, пресекувајќи мали канали и завршува кај северно од градот Битола.