Заради подобро корисничко искуство нашата веб страна, mer.com.mk користи „колачиња“ (eng. "cookies"). Со понатамошно користење на веб-страницата, се сложувате со користење на колачињата. Детални информации за Веб колачињата "Cookies“ можете да најдете во нашиот документ за Политика за користење Web колачиња
Северна Македонија во иднина ќе добива гас од Азербејџан
Денес, присуствувавме на церемонијата и инаугарицијата на пуштање на ТАНАП и поврзувањето на Trans Adriatic Pipeline – ТAP. Овој проект е во должина од 1850 километри поминува низ целата територија на Турција се поврзува со Грузија и со ТАП кај делницата со Грција. Исклучително важен за нашата држава бидејќи дава смисла и на нашето поврзување на ТАП. Со ова, конечно ќе се поврземе на овој тек, што доаѓа од изворите на Шадениз и завршува во Италија, со вкупен капацитет на 31 милијарда кубни метри на годишно ниво. Со тоа дефинитивно нашата држава ги диверзифицира изворите на снабдување и креираме можност за стабилен пазар на гас..