? НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје

КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Работен состанок во Бугарија

На состанокот на мешовитата комисија за транспорт, инфраструктура и енергетика,во Софија заедно со министрите за транспорт и локална самоуправа г.Бочварски и Милевски и хомологни министри на Владата на Република Бугарија, ги дефиниравме нашите заеднички приоритети, со цел да ги зголемиме нашите капацитети за пренос на гас, за изградба на новата интерконекција Струмица – Петрич, нашето партнерство во терминалот за ЛНГ во Александрополис, за искористување на капацитетите на резервоарите за природен гас на бугарската територија, за организација на заедничкиот пазар и соработка во многу други области од заеднички интерес. Сите овие конкретни проекти се во функција на обезбедување квалитетни и конкурентни услуги на енергетскиот пазар, диверзификација, стабилизација и сигурност во снабдувањето.


10 февруари 2022