? НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје

КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Интерконективен гасовод Северна Македонија- Грција
Објавено на: 07.06.2022 НЕР АД Скопје

 Оваа гасоводна делница претставува дел од Националниот гасификационен систем во Република Северна Македонија. Проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција претставува проект со кој ќе се обезбеди сигурност во напојувањето со гас, како на Република Северна Македонија така и на регионот. Со оваа делница се обезбедува спој на постојната магистрална мрежа во РСМ со гасоводната мрежа во Грција.

Појдовна точка на трасата во Северна Македонија е границата со Грција во близина на селото Идомени и градот Гевгелија каде завршува грчкиот дел од гасоводот. Завршна точка е веќе изградената блок станица (блок станица БС 7) на новиот гасовод Штип – Неготино, во близина на градот Неготино. Должината на трасата на гасоводот и 68 км и со пречник Ф700.

Инвеститор на Проектот е НЕР АД Скопје – Национални Енергетски Ресурси, акционерско друштво за вршење на енергетски дејности, Скопје, во државна сопственост.

Важност  на проектот:

  • Поддршка на гасификацијата на земјата со обезбедување на интерконекциска точка што може да снабдува големи количини на гас за да се задоволи очекуваниот раст на побарувачката,
  • Обезбедува сигурност во снабдувањето со нудење диверзификација на извори на снабдување,
  • Обезбедува интеграција на пазарот со цел да им се овозможи на потрошувачите во Северна Македонија да имаат цени на гасот слични на оние на соседните земји,
  • Одржлив извор на енергија за земјата која има слаб индекс на интензитет на емисија.

Согласно законската регулатива на РСМ е изработена соодветна техничка документација и постапка за Оцена на Влијание врз Животна Средина (ОВЖС) со цел да се утврди усогласеност со стандардите за животна средина и социјални аспекти, односно осигура дека проектот ги вклучува сите потребни мерки за заштита на животната средина и социјалните аспекти како основен услов за добивање согласност за негова реализација. Покрај применетите национални законски барања исто така се применети Политиките за животна средина и социјални аспекти на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европска Инвестициска Банка.

Изработен е Елаборат за трајна и времена експропријација со кое е утврдена потребата за пристап кон земјиште во општините Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Неготино, односно соодветните катастраски оштини  КО Неготино, КО Тимјаник, КО Дуброво, КО Тремник, КО Прждево, КО Чифлик, КО Дрен, КО Демир Капија, КО Петрово, КО Миравци вон град, КО Габрово, КО Смоквица, КО Прдејци, КО Негорци, КО Стојаково, КО Ѓавато, КО Богданци вон град и КО Богородица.

Изработен е исто така План за вклучување на засегнати чинители и заедницата и консултации со јавноста за време на оцената на животна средина и социјални аспкети и развој на техничката документација согласно националната законска регулатива и барањата на ЕБОР.

Генерална поставеност на проектот е представена на следнaта сликa:

 

 

 

 

Во рамки на процесот на вклучување на засегнати страни жителите имаат можност за доставување на прашања или загрижености преку соодветна комуникација и формулар кој ќе биде објавен на веб-страницата на одговорната институција за проектот Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) или во општините во Проектната област.

Прашањата ќе можат да се поднесат во писмена форма и пополнување на формулар ќе биде достапен во општинската администрација на општините низ кои поминува гасоводот. Освен со писмен формулар, прашањата ќе можат да се поднесат и со контактирање со Одговорните инженери за проектот телефонски или лично.

 Контактите со Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) се следните:

1. Иво Шурбановски   ivo.shurbanovski@mer.com.mk   моб.: +389 75 269 754

2. Александар Апостолоски   aleksandar.apostoloski@mer.com.mk   моб.: +389 75 269 763