? НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје

КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Делница „Скопје – Тетово - Гостивар“
МЕР АД Скопје

 Согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Северна Македонија - фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово - Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Скопје-Тетово-Гостивар“.

Изградбата е започната во декември 2016 година и треба да заврши до 2023 година.

 
Статус на реализација:

Реализација по должина (главна линија) - 70 км  = 91%

Реализација по должина (крак кон Тетово) - 10км од договорени 10км = 100%  (заклучно со март 2021 година).

 
Технички параметри:
  • Линиски дел во должина од 77 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”) и крак за Тетово во должина од 10 km со дијаметар на цевка DN 150 (6”);
  • Блок станици: БС (DN500) ком 4, БС (DN200) и БС (DN150);
  • Приемна чистачка станица DN 500;
  • ГМРС „Тетово”, со капацитет Q=22 000 m3/h;
  • ГМРС „Гостивар”, со капацитет Q=16 000 m3/h.
 

Опис на трасата:

Трасата на Делница „Скопје-Тетово-Гостивар“ започнува од постојниот магистрален гасовод Деве Баир – Скопје, од локацијата на која што е извршено издвојување на гасоводниот крак за снабдување на индустријата на гасоводниот крак Скопје – Југ. По поврзувањето на постојниот магистрален гасовод трасата почнува да го заобиколува Скопје од неговата јужна страна поминувајќи низ Кисела Вода – Сопиште со што од низинскиот терен постепено преминува кон планински терен западно од врвот на Водно. Потоа трасата почнува да се спушта кон реката Треска, поминуваќи низ Глумово, под селото Семениште, село Чајлане, пред село Буковиќ, преку реките Река и Паничарска река продолжувајќи југозападно кон селото Мерово, низ месноста Балван и западно под селото Горна Лешница до месноста Добрев Јаз и на овој потег е приклучокот кон Тетово. Од Тетово трасата се спушта кон Милетино пресекувајќи ја Света Река продолжувајќи западно помеѓу Милетино и Блаце, источно од селото Треново каде е поставена Блок Станица 18, потоа трасата ја поминува Реката Вардар и Полошката котлина. Во продолжение трасата прави полукруг кон исток заобиколувајќи ги селата Балин Дол и Мало Турчане завршувајќи кај Колчак.

Трасата на делницата Скопје-Тетово-Гостивар го опфаќа скопскиот, полошкиот и гостиварскиот регион.