?
Заради подобро корисничко искуство нашата веб страна, mer.com.mk користи ?колачи?а“ (eng. "cookies"). Со понатамошно користе?е на веб-страницата, се сложувате со користе?е на колачи?ата. Детални информации за Веб колачи?ата "Cookies“ можете да на?дете во нашиот документ за Политика за користе?е Web колачи?а
КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk
Согласно Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Руската Федерација за регулирање на обврските на поранешниот СССР по пресметките сврзани со стоковната размена меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ во првиот квартал од 2015 година започна изградбата на Делница Клечовце-Блок станица 5, а заврши во јуни 2016 година.
Технички параметри:
Трасата на Делница Клечовце-Блок станица 5 започнува во реонот на Клечовце, како приклучок на постоечкиот гасовод Крива Паланка – Скопје и продолжува кон југ до реонот на Неготино. Оваа делница од магистралниот гасоводен систем на Република Северна Македонија од својот почеток кај село Клечовце, Куманово се движи на југ кон градот Свети Николе, кој што во широк лак го заобиколува од неговата источна страна, и во чија што близина е предвидено приклучното место за кракот кон Велес и Свети Николе. Од оваа точка правецот на протегање на делницата завзема југоисточен правец према градот Штип. Во продолжение се до преминот преку река Вардар генералниот правец на протегање на оваа гасоводна делница е кон југ. На овој дел делницата ја тангира ТИРЗ Штип од нејзина северозападна страна, минува западно од градот Штип, ја поминува река Брегалница, река Лакавица и завршува кај Блок станица 5, во должина од 61 км.