Заради подобро корисничко искуство нашата веб страна, mer.com.mk користи „колачиња“ (eng. "cookies"). Со понатамошно користење на веб-страницата, се сложувате со користење на колачињата. Детални информации за Веб колачињата "Cookies“ можете да најдете во нашиот документ за Политика за користење Web колачиња
Изјава на Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје
"Најпрво сакам да му се заблагодарам на премиерот и на министрите за постојаната поддршка и ангажман за брзата реализација на овој многу важен проект.
Денес се наоѓаме на 32 км од делницата Скопје Тетово Гостивар. Оваа делница е во должина од 76 км + 10 км крак Тетово.
На оваа делница им 7 блок станици и две ГМРС (Главни Мерни Регулациони Станици), ГМРС –Тетово, со капацитет од 22000 м3/час и ГМРС- Гостивар, со капацитет од 16000 м3/час. Реализацијата по ситуации е околу 66 %, но реалната е повеќе од 70 %. Иако се соочуваме со големи административни проблеми заради пандемијата, моментално градежни активности имаме на 6 разлини локации.
Најголемиот проблем со кој се соочуваме е решавањето на имотно правните односи, бидејќи од месец март, поради пандемијата Управата за Имотно Правни работи ги откажа сите седници и расправи со странките ( сопствениците на парцелите) . Но, во интензивна и секојдневна комуникација со управата и овој проблем веќе го надминавме и наредните денови ќе почне пак да тече процесот на експопријација , а со тоа и ќе се интензивира динамиката на реализација на проектот.
На делницата Неготино – Битола, реализацијата по ситуации е околу 92%. На оваа делница имаме уште една измена во тек на градба кај Фени, чиј инфраструктурен проект очекуваме дека брзо ќе биде усвоен од страна на Министерство за транспорт и врски, за да го добиеме одобрението за градба и брзо да се заврши и оваа делница во должина од 92 км.
Иако во време на пандемија е неблагодарно да се дефинираат точни рокови, очекуваме дека делницата кон Битола ќе заврши во текот на првиот квартал од наредната година, а делницата кон Тетово, во текот на втората половина од наредната година".