Заради подобро корисничко искуство нашата веб страна, mer.com.mk користи „колачиња“ (eng. "cookies"). Со понатамошно користење на веб-страницата, се сложувате со користење на колачињата. Детални информации за Веб колачињата "Cookies“ можете да најдете во нашиот документ за Политика за користење Web колачиња
На ден 29.07.2024 година во Општина Сопиште се одржа јавна дебата на која присуствуваа Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР АД Скопје, градоначалникот на Општина Сопиште, Стевче Трпкоски, Далибор Богдановски, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, претставници од советот на Општина Сопиште, претставници од НЕР и граѓаните од оваа општина. На оваа дебата беше презентиран планот за изградба на магистралниот гасовод, делницата Скопје-Тетово-Гостивар, чија траса поминува во оваа општина. Пред граѓаните беа презентирани неколку клучни информации во врска со градбата, како и Законот за експропријација. Со взаемна, конструктивна дебата на населението му беше овозможено подобро да се запознае со придобивките од гасификацијата, како и непречено надминување на сите пречки во текот на изградбата.