? НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје

КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Работен состанок со Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Еnergy Community (Eнергетска заедница), ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија
Објавено на: 13.06.2025 НЕР АД Скопје

На ден 13.06.2025 година, во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок на кој присуствуваше висока делегација од Европска Инвестициона Банка (ЕИБ), Енергетска заедница, ДЕСФА, консултантска куќа Connecta, како и претставници од Министерство за економија на Република Северна Македонија и Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија. На работниот состанок, се дефинираа детаљите за финансирањето на гасната интерконекција со Република Грција, како и взаемно информирање за текот на реализација на обврските на секоја од заинтересираните страни.