? НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје

КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Состанок со Energy Community, WBIF, EIB, Консултантска куќа - Connecta, Секретаријат за европски прашања и Министерство за економија
Објавено на: 29.05.2019 НЕР АД Скопје

Денес, 29.05.2019,  во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работен состанок со високи претставници на Европска Инвестициона Банка, Energy Community, WBIF, консултантската куќа Connecta, Mинистерство за економија и Секретаријат за европски прашања, инволвирани странки во реализацијата на проектот за гасна интерконекција со Република  Грција. Тема на дикусијата беше взаемно информирање за текот на реализација на обврските, се со цел забрзување на активностите за проектирање на  инфраструктурниот проект, основен проект и студијата за влијанието врз животнатата средина. Проектот ќе биде финансиран дел со грант средства од WBIF, дел со кредит од Европска Инвестициона Банка.