Заради подобро корисничко искуство нашата веб страна, mer.com.mk користи „колачиња“ (eng. "cookies"). Со понатамошно користење на веб-страницата, се сложувате со користење на колачињата. Детални информации за Веб колачињата "Cookies“ можете да најдете во нашиот документ за Политика за користење Web колачиња
На ден 19.02.2025 година во просториите на НЕР АД Скопје, се одржа работна средба меѓу делегација од ДЕСФА (Оператор на систем за пренос на гас во Република Грција) и НЕР АД Скопје.
На состанокот се дискутираше за интензивирање на реализација на интерконективниот вод кон Грција, тековните активности и идните проекти на двете компании. Проширување на меѓународната соработка, како и интерконекции со соседните земји. НЕР АД Скопје ги презентираше тековните активности во однос на изградбата на националниот гасоводен систем во земјата, како и идните планови за изградбата на гасната интерконекција меѓу двете земји.