КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | [email protected]

Советодавен совет на јужен гасен коридор
Објавено на: 04.02.2025 НЕР АД Скопје

Под покровителство на Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска во Баку се одржа конференцијата „Советодавниот совет на јужниот гасен коридор“.Заедно со министерот Крешник Бектеши имавме многу плодни дискусии и средби, со цел да ги диверзифицираме и стабилизираме нашите извори за снабдување со гас и обединување на регионалниот заеднички пазар. На билатерални средби се сретнавме со министрите за енергетика на Азербејџан, Турција, Бугарија, еврокомесарот за проширување и енергетика, г. Оливер Вархеји и Кадри Симсон и директори на Сокар, ТАП и ИГБ.