Оваа Влада е фокусирана да донесе гас до секое семејство. Но не само да го донесе, туку и тој да биде поевтин. Сметам дека се направени и создадени сите предуслови. Во моментов градбата на двата краци кон Тетово, Гостивар и кон Битола. Во моментов очекувам до средината на годинава се тоа да биде завршено и до крајот на 2020 ќе бидат и оперативни. Дотогаш ќе треба да имаме склучено јавно-приватно партнерство на градбата на дистрибутивната мрежа. Се намалува и ДДВ-то на гас. Спремаме и пакет мерки да ги субвенционираме семејствата, изјави во Утрински брифинг на Слободна ТВ, Бајрам Реџепи директор на Национални енергетски ресурси (НЕР).
Тој вели дека просечно едно четиричлено семејство во 80 квадрати стан, за внатрешната инсталација ќе им требаат околу 1.500 евра. Тоа ќе биде субвенционирано со владини мерки. Социјалните семејства ќе бидат сите субвенционирани, додека за останатите ќе биде направен оперативен план преку долгорочни плаќања, како што е со сите оператори.
– Кракот до Битола за да биде завршен треба да се доработат уште 7-8 километри. Очекувам дека во втората половина на оваа година целиот пелагониски регион ќе има гас, Водно е веќе изградено. Бев во контакт со невладините организации и можам да им бидам благодарен за тоа. Придонесоа да се намали влијанието врз животната средина, додаде Реџепи.