КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“
МЕР АД Скопје

 Согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија - фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово - Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“.

Изградбата е започната во февруари 2017 година и треба да заврши до февруари 2020 година.

 
Статус на реализација:

68% (заклучно со јули 2019 година).

 
Технички параметри:
  • Линиски дел во должина од 92 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”);
  • Блок станици: БС (DN500) ком 5, БС (DN200) ком 2, БС (DN150) и БС (DN80);
  • Приемна чистачка станица DN 500;
  • ГМРС „Фени индустри”, со капацитет Q=15 000 m3/h;
  • ГМРС „Прилеп”, со капацитет Q=24 000 m3/h;
  • ГМРС „Битола”, со капацитет Q=28 000 m3/h.
 
Опис на трасата:

Трасата на Делница „Неготино (Кавадарци) – Битола“ започнува од Кавадарци – Сопот ја пресекува реката Црна продолжувајќи низ место Дреново, потоа трасата ја сече реката Церечевица движејќи се по падините на планинскиот венец и долината на реката Свињарница. Линијата на гасоводот го пресекува коритото на реките Бела и Дујрас, поминува низ стариот пат за Прилеп и влегува во долината на реката Каратманица, продолжувајќи ја пресекува реката Заполска по која трасата се подига во висина низ пошумени делници. Појужно од градот Прилеп трасата врти на југ и минува низ селско стопански имоти, ги сече реките Волковска и Ставичка, а понатаму се движи по непошумените делници. Во јужен правец гасоводот го пресекува системот со канали, ги пресекува реките Подмолска и Лопатичка и натаму низ рамнина пресечена наместа со долови, пресекувајќи ги реките Мојанска и Бења. Понатаму тарасата го сече 400kV далновод, автопат со асфалтирана покривка и коритата на реките Црна и Драгор. Движејќи се паралелно по должината на реката натаму трасата се движи по рамнинска делница, пресекувајќи мали канали и завршува кај северно од градот Битола.