КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

За НЕР АД Скопје

 

Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост (скратен назив НЕР АД Скопје) е формирано во 2010 година со цел реализација на проектот за изградба и развој на националниот гасоводен систем во Република Северна Македонија. Со реализацијата на проектот, согласно изготвената документација е предвиведно да се изградат магистрални гасоводи за пренос на природен гас во должина од околу 800 км, како и интерконекции со преносните системи на соседните држави или меѓународните транзитни гасоводи.

НЕР АД Скопје во изминатиов период презеде подготвителни активности за започнување со изградбата, по што најпрво започна изградбата на магистралниот гасовод Делница „Клечовце – Блок станица 5“, а потоа и изградбата и на Делница      „Блок станица 5 - Неготино“, Делница „Скопје-Тетово-Гостивар“ и Делница „Неготино(Кавадарци) - Битола“.

Изградбата на магистралните гасоводни делници за пренос на природен гас и развојот на системот за пренос на природен гас во Република Северна Македонија има за цел да овозможи:

- достапност на природниот гас до најголем дел од потрошувачите на територијата на Република Северна Македонија во регионите во кои до сега не бил достапен,

- зголемување на потрошувачката на природен гас,

- натамошна интеграција на националниот гасоводен систем за пренос на природен гас во Република Северна Македонија во меѓународните текови на природен гас.

 

Покрај активности за развој на гасоводната инфраструктура во Република Северна Македонија, презема и активности во различни проекти за изградба на интерконективни водови за пренос на природен гас и поврзување со соседните држави и меѓународни транзитни гасоводи.