КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Органи на управување
Извршен директор

Бајрам Реџепи – Извршен директор на МЕР АД Скопје

Извршниот директор, односно Извршниот член на Одборот на директори го застапува МЕР АД Скопје во внатрешниот и надворешниот промет, го води работењето на друштвото и има најшироки овластувања да ги врши сите работи сврзани со раководењето, спроведувањето на одлуките на одборот на директори и вршењето на тековните активности на друштвото и да дејствуваат во сите околности од името на друштвото.

 
Одбор на директори
Состав на Одборот на директори на МЕР АД Скопје:

  Александра Маројевиќ – претседател,

  Дејан Цветаноски – неизвршен член

  Бајрам Реџепи – извршен член

Одбор на директори на МЕР АД Скопје е составен од 3 члена, од кои 1 е извршен член и 2 неизвршни членови, од кои 1 независен член. Одборот на директори во рамките на овластувања определени со законот и статутот има најшироки овластувања во управувањето со друштвото во рамките на предметот на работењето на друштвото и во дејствувањето во сите околности од името на друштвото со исклучок на посебните овластувања дадени на членовите на одборот.

 
Собрание на акционери

Правата и обврските на Собранието ги врши Владата на Република Северна Македонија како единствен акционер. Собранието на акционери одлучува за прашања определени со закон и со Статутот на МЕР АД Скопје.