КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Делница „Блок станица 5 (Штип) – Неготино“
МЕР АД Скопје

 Согласно Законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Северна Македонија - фаза 1 – Делница Штип – Неготино – Битола и Делница Скопје – Тетово - Гостивар“ се обезбедени финансиски средства за изградба на Делница „Блок станица 5 (Штип) – Неготино“.

Изградбата е започната во јуни 2016 година и заврши во мај 2019.

 
 
 

Технички параметри:

  • Линиски дел во должина од 36 km со дијаметар на цевка DN 500 (20”);
  • Блок станици: БС 7(DN500); БС Неготино (DN80); БС 8 (DN400) и БС Кавадарци 1 (DN150);
  • ГМРС „Штип”, со капацитет Q=19 000 m3/h;
  • ГМРС „Неготино”, со капацитет Q=7 000 m3/h.
 
Опис на трасата:

Трасата на Делница Блок станица 5 (Штип) – Неготино започнува од Блок станица 5 во близина на градот Штип (каде што завршува Делницата Клечовце-Блок станица 5), ја поминува планината Серта, минува низ крајниот источен дел од опфатот на војниот полигон Криволак и се упатува кон река Вардар. По преминот на река Вардар гасоводната магистрална делница се до својот завршеток кај приклучокот за Кавадарци е со западен правец на напредување. Во овој дел трасата минува јужно од Неготино, северно од ТЕЦ Неготино и северно од градот Кавадарци.