КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Јавна дебата во Општина Сопиште
Објавено на: 31.07.2019 МЕР АД Скопје

 На ден 29.07.2019 година во Општина Сопиште се одржа јавна дебата на која присуствуваа Бајрам Реџепи, извршен директор на МЕР АД Скопје, градоначалникот на Општина Сопиште, Стевче Трпкоски, Далибор Богдановски, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, претставници од советот на Општина Сопиште, претставници од МЕР и граѓаните од оваа општина. На оваа дебата беше презентиран планот за изградба на магистралниот гасовод, делницата Скопје-Тетово-Гостивар, чија траса поминува во оваа општина. Пред граѓаните беа презентирани неколку клучни информации во врска со градбата, како и Законот за експропријација. Со взаемна, конструктивна дебата на населението му беше овозможено подобро да се запознае со придобивките од гасификацијата, како и непречено надминување на сите пречки во текот на изградбата.