КОНТАКТ: +389 2 609 0137 | contact@mer.com.mk

Проект за изградба на интерконективниот вод за пренос на природен гас помеѓу Република Македонија и Грција
МЕР АД Скопје

 На ден 10.07.2015 година Република Северна Македонија стана потписник на Меморандумoт за разбирање за заеднички пристап за решавање на диверзификација на природниот гас и предизвиците на безбедноста на снабдување во рамките на Иницијативата за гасно поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC).

НЕР АД Скопје пристапи кон реализација на обврските во рамките на оваа Иницијатива која има за цел унапредување на диверзификацијата на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот кое треба да се случи по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, преку заедничко ангажирање на сите земји-членки на ЕУ и на договорните страни на Енергетската заедница. Оваа иницијатива треба да обезбеди снабдување со потребните количества на природен гас на сите потрошувачи во регионот на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

Во таа насока, беше воспоставена соработка со релевантните субјекти од Грција и со цел реализација на Проектот за изградба на интерконективниот вод за пренос на природен гас помеѓу Република Северна Македонија и Грција, на 14.10.2016 година во Скопје е потпишан на Меморандумот за разбирање помеѓу НЕР АД Скопје и ДЕСФА С.А. - Операторот на системот за пренос на природен гас во Грција.

Овој проект е влезен во Листата на проекти од заеднички интерес (PMI), потврдена на 14.10.2016 година потврдени од страна на Министерскиот совет на Енергетската заедница.

Во тековниов период во завршна фаза е изработката на заедничката Физибилити студија, по што треба да следи аплицирање за обезбедување на финансиски средства и започнување со изградбата.